Адел е „кралица“ на годинешните Британски музички награди

Британската пејачка Адел го обележа овогодишното доделување на Британските музички награди BRIT. Свеченоста се одржа во лондонската „О2 арена“.

Ова беше првото издание на Британските музички награди, кои се доделуваат од 1977 година, со кое се укинаа родовите поделби, па сега акцентот е на категориите Уметник на годината и Странски уметник на годината наместо претходните категории за машки и женски изведувач. На годинешното доделување доминираше Адел, која освои три награди. „Кралицата на BRIT“, како што ја нарече водителот Мо Гилиган, ги доби наградите за најдобар албум, за најдобар изведувач, како и песна на годината за „Easy on Me“.

„Би сакала да им ја посветам оваа награда на син ми и на Сајмон, татко му. Овој албум беше целото наше патување, не само мое“, рече Адел во солзи, мислејќи на нејзиниот поранешен сопруг Сајмон Конецки.

Remote video URL

И покрај тоа што беше објавен во ноември, „30“ – четвртиот студиски албум на Адел - е најпродаваниот албум во Велика Британија за 2021 година, со повеќе од 600.000 примероци за само шест недели. Адел неодамна изјави дека го снимила албумот за да му го објасни разводот на син ѝ.

Remote video URL

Адел за наградата за уметник на годината ги победи Литл Симз и Дејв, Ед Ширан и Сем Фендер. Меѓу другите победници беше рок групата „Волф Алис“, којашто ја освои наградата за најдобра група, а раперот Литл Симз е најдобар нов изведувач. Ед Ширан беше прогласен за текстописец на годината.

Remote video URL

Американските пејачки Били Ајлиш и Оливија Родриго ги освоија наградите најдобар странски изведувач, односно најдобра странска песна, за „good 4 u“. Наградата за најдобра странска група ја освои американското ар-ен-би дуо „Силк соник“, коешто го сочинуваат пејачот Бруно Марс и раперот-пејач Андерсон Паак.

Сем Фендер ја освои наградата за алтернатив – рок, а Дејв за хип-хоп – грајм – рап. Пејачката Дуа Липа ја доби наградата за најдобра поп – ар-ен-би изведба, а Беки Хил ја доби наградата за најдобар денс изведба.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе