Аеродромот во Љубљана заинтересиран за обнова на директната авиолинија до Скопје

Аеродромот во Скопје е „исклучително важна“ рута за Љубљана што треба да се обнови, велат претставници на љубљанските аеродромски власти за специјализираната веб-страница за авиосообраќај EX-YU Aviation.

Сајтот посочува дека Скопје и Љубљана се двата најпрометни неповрзани аеродроми на територијата на поранешна Југославија, кои останаа без директна авиолинија по пропаѓањето на словенечката авиокомпанија Adria Airways.

Според EX-YU Aviation, од јануари до крајот на септември 2019 година, кога Adria Airways, престана со работа, на релација Скопје-Љубљана и обратно летале 40.293 патници. Во 2018 година, на оваа релација во двата правцa летале 44.828 патници.

По пропаѓањето на Adria Airways, српската Air Serbia стана главна авиокомпанија за превоз на патници меѓу Скопје и Љубљана.

„Ексјуавиејшн“ наведува дека нискобуџетната компанијата WizzAir размислувала за лансирање на линија од Скопје до аеродромот во Марибор, како алтернатива на словенечкиот главен град, но побарала до еден милион евра субвенции и стимулации за одржување на услугите меѓу двата града.

Од друга страна, наведува страницата, Air Serbia преговара со македонските власти за воведување на сезонски летни авиолинии меѓу Белград и Охрид од следната година, што ќе послужи и за поврзување на двата града, но и како трансфер линија за мрежата на подолги релации на српската авиокомпанија.

Српскиот авиопревозник првично започна сезонски летови меѓу Белград и Охрид трипати неделно во 2016 година, по тригодишен прекин.

Во 2017 година, бројот на летови беше зголемен на четири неделно, но сепак до 2018 година авиолинијата беше укината поради притисокот врз Air Serbia за намалување на трошоците и рационализација на нејзината авиомрежа.

– Тогаш, авиокомпанијата за одржување на својата линија за Охрид првенствено се потпираше на трансфер-патниците со специјални цени за македонската дијаспора во Австралија, од кои многумина потекнуваат од охридскиот регион. Сепак, прекинот на летовите на Air Serbia за Абу Даби во 2017 година, кои служеа како трансфер од Австралија, значително влијаеше на намалување на прометот на охридската линија, наведува EX-YU Aviation.

Страницата посочува и дека Croatia Airlines преговарала со аеродромскиот оператор „ТАВ Македонија“ за потенцијалното проширување на нејзините летови кон и од земјава.

– Доколку постои интерес од македонските тур-оператори и партнери, ние сме подготвени да ја прошириме нашата соработка и на други рути освен Загреб-Скопје, како можеби Охрид-Сплит, изјавија од Croatia Airlines за EX-YU Aviation.

Од друга страна, од „ТАВ Македонија“ истакнале дека авиоповрзаноста меѓу земјава и Хрватска е на незадоволително ниво и нови авиолинии би биле голем чекор напред во подобрување на сегашната состојба.

– Сметаме дека летови меѓу Охрид и Сплит би биле од интерес за туристите, така што тие би можеле да ги посетат двете земји во рок од неколку дена во еден потег, додале од „ТАВ Македонија“ за EX-YU Aviation.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе