Агитирање, поткуп, запишување гласачи - МВР постапува по пријави поврзани со изборите

Скопје, 15 јули 2020 (МИА) – Во Министерството за внатрешни работи денеска од 11:00 до 12:00 часот   биле пријавени настани во врска со изборниот процес.

Од МВР потенцираат дека се работи за добиени пријави по кои постапуваат, односно ја утврдуваат фактичката ситуација и откако ќе се утврдат фактите соодветно ќе информираат.

-Во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. околу 11:05 пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зел другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка партија во ОУ „26-ти Јули“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Во Полициската станица Бит пазар, се наведува во соопштението, околу 11:12 часот од политичка партија било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Никола Вапцаров“ на ул.„Дижонска“, околу 10 лица се движеле околу гласачкото место. Полициски службеници излегле на местото, но такви лица не биле затекнати.

– Од политичка партија од Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица вршат агитација врз гласачи на избирачките места бр.844 и бр.845 во Кочани. Се работи на расчистување на случајот. Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека пред избирачките места бр.834 и бр.834/1 непознато лице со патничко возило вршело евиденција на лица кои се движат кон гласачките места. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во денешното соопштение од МВР.

Во 11 часот во Полициската станица Кочани, П.П. од Кочани пријавил неправилност при гласањето пред ОУ,,Раде Кратовче“ во Кочани, односно дека З.С. наводно делел пари. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица со патничко возило во нас.Оризари носат организирано гласачи на гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека четири лица ги попречувале гласачите да го остварат своето право во нас.Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Во 10:35 часот во Полициската станица Крива Паланка, дополнуваат од МВР, Н.Т. од Ранковце пријавил дека лице од Ранковце доаѓало до избирачко место број 0987 со повеке луѓе и агитира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 11:05 часот во Полициската станица Крива Паланка, М.Т.С. пријавила дека на ул.„8-ми Септември“ неколку лица ги фотографирале граѓаните кои влегуваат да гласаат на избирачко место во градинка ,,Детелинка”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.

Во полициското одделение Ново Село, пак, било пријавено дека во дворот на училиштето во селото каде биле сместени избирачките места Т.Ќ. вршел агитирање. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така, по преземени мерки во врска со претходно пријавени настани, кои веќе беа објавени од МВР, утврдено е дека во врска со настанот во кој Е.Е. од Битола пријави дека непознати лица и нуделе пари за гласање, биле преземени мерки и не биле потврдени наводите во пријавата.

– Во врска со настанот во кој Ф.Г. од Прилеп, пријавил дека пред ОУ „Климент Охридски“ во Прилеп група на граѓани вршеле агитирање, преземени се мерки и не се потврдени наводите во пријавата, стои во соопштението од МВР.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе