„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

А.С.
/ 29.04.2024 / 17:00

Ако сè уште размислувате за слабеење пред летото, треба да го пробате овој напоток од четири состојки кој најмногу помага да го намалите салото од стомакот.

Според NDTV, за да изгубите тежина, вашиот внес на калории мора да биде помал од вкупниот број на калории што ги согорувате. Со оглед на тоа што е многу полесно да внесете калории отколку да ги изгубите, тие советуваат дека урамнотежената исхрана може да ви помогне во овој процес.

Но, постојат одредени „стимулатори“ на слабеењето кои мора да ги вклучите во вашиот режим за да го забрзате самиот процес. Еден таков едноставен стимулатор е напиток од лимон, сушено нане, краставица и корен од ѓумбир.

Познато е дека овие состојки често се користат во здравата исхрана која промовира губење на тежината. Благодарение на присуството на витамин Ц и антиоксиданси, лимонот го стимулира варењето и има диуретични својства, кои помагаат во детоксикација на телото.

Од друга страна, листовите од нане содржат мали количини на кофеин и катехини, соединенија за кои е познато дека го поттикнуваат метаболизмот со зголемување на телесната температура, што дополнително предизвикува вашето тело да согорува повеќе калории отколку обично.

Ѓумбирот, кој е сè попопуларен на нашите простори, е познат по бројните придобивки за организмот, особено кога станува збор за антивоспалителни и стомачни проблеми. Исто така, ѓумбирот има термогено дејство кое помага во активирање на метаболизмот.

Конечно, краставиците и другите зеленчуци и овошја кои содржат голем дел од вода и влакна се одлични сојузници во чистењето на телото.

Испијте една чаша од овој пијалок непосредно пред појадок, а потоа испијте уште една чаша во текот на денот и пред спиење.

Remote video URL
Тагови
реклама

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе
  • play_arrow

Што значи да сте заглавени во врска?

Читај повеќе