Airbnb предвидува кои градови во светот ќе бидат најдобри дестинации во 2024 година

Платформата за изнајмување сместувачки капацитети Airbnb објави листа на дестинации за кои предвидуваат дека ќе бидат најпопуларни во 2024 година.

Како што наведуваат на нивната официјална веб-страница, патувањето во наредната година носи многу изненадувања и нови трендови, вклучувајќи авантури во Јапонија, славење на карневалот во Бразил и Олимписките игри во Париз.

„Јасно е дека 2024 година се оформува како година на светски патувања - со многу возбудливи меѓународни дестинации кои се појавуваат на листата на трендови“, напишаа тие.

Користејќи различни параметри, тие ја наведуваат Јапонија како една од најдобрите дестинации за 2024 година, бидејќи туристите таму бараат уникатна комбинација на традиционалното и модерното. Така, на листата се најдоа градовите Токио, Осака и Кјото.

На листата е и Париз, кој ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година. Француската престолнина беше особено популарна во текот на летото, каде беше пребарувана повеќе од седум пати на оваа страница во споредба со минатата година.

Оваа листа го вклучува и Рио де Жанеиро бидејќи Airbnb забележа пораст од 136% во пребарувањата за карневалот во бразилскиот град.

Други дестинации за кои се предвидува дека ќе бидат најпопуларни во наредната година се:

  • Индијанаполис (Индијана, САД)
  • Варшава (Полска)
  • Буенос Аирес (Аргентина)
  • Маракеш (Мароко)
  • Салвадор (Бразил)
  • Дизелдорф (Германија)
  • Пуерто дел Кармен (Канарски Острови, Шпанија)
  • Мелбурн (Австралија)
  • Филаделфија (Пенсилванија, САД)
  • Лил (Франција)
  • Стокхолм (Шведска)
  • Кортина д'Ампецо (Италија)
  • Милано (Италија)
  • Рим (Италија)
  • Масејо (Бразил)
  • Далас (Тексас, САД)
  • Мексико Сити (Мексико)
  • Колорадо Спрингс (Колорадо, САД)
  • Насау (Бахами)
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе