Ајде, побрзај, новата Регионална платформа за младинска соработка те очекува!

„Ајде!“ платформата (www.hajde.media) е ново место за онлајн вмрежување и соработка за сите млади луѓе кои се заинтересирани за активно учество и за секојдневно следење на интересни настани, новости и можности во земјите од Западен Балкан. На оваа платформа, младите ќе имаат можност да се запознаат, да споделат сопствени искуства и да се стекнат со корисни знаења и информации во врска со професионалните можности и настани кои се случуваат во регионот.

„Ајде!“ е конструктивен дигитален медиумски простор за младите од регионот, и докажува дека бариерите не мора да бидат пречки, туку можност за раст, развој и успешна регионална соработка. Името на платформата е карактеристично, затоа што зборот „ајде“ го има истото значење на сите јазици од овој регион и затоа што симболиката на императивот „ајде“ е поттик за акција и движење. Ајде да соработуваме, да создаваме нови вредности и да се движиме во насока на подобра иднина.

Бранислава Коларов, една од младите новинарки кои работеа на оваа платформа, вели: „Имајќи можност да ги опфатиме приказните кои се однесуваат на сличностите и уникатноста на нашиот регион, ние бевме насочувани од нашите професори, како ментори во оваа активност. Во текот на програмава, создадовме силни врски со врсниците од целиот регион, па оваа група на луѓе и поврзаноста што ја создадовме сакаме да ја споделиме со нашите врсници во регионот преку нашата новинарска работа“.

Една од главните цели на „Ајде!“ платформата е да го промовира духот на помирување и соработка помеѓу младите луѓе од Западен Балкан. Посебен акцент е ставен на важноста на давање поддршка на младинската соработка преку организирање програми за размена. Ова е прва платформа од ваков вид и е создадена од млади луѓе, од нивните идеи и преку нивните визии.

Една друга млада новинарка, Кјара Мања, вели: „Накратко кажано, сега сум позрела како човек и поподготвена сум како професионалец – сето тоа благодарение на ова неверојатно искуство. И ако можам да кажам дека, се пронајдов во работењето со извонредни луѓе кои секогаш беа тука да помогнат и да дадат поддршка без разлика на сè. И сите овие работи го направија ова искуство многу посебно“.

Како регионална платформа за поддршка, „Ајде!“ платформата им овозможува лесен и бесплатен пристап на младите луѓе да пронајдат содржини што ќе им помогнат да ги претворат своите планови и идеи во реалност. На платформата можат да се најдат разни категории во разни области како што се култура, спорт, уметност, стипендии, работни места и практикантство, волонтирање, работилници, конференции, натпревари и грантови.

Со користење на оваа платформа, младите ќе имаат можност да ги промовираат своите идеи и да посочат и дадат нови предлози за решавање на заедничките проблеми во области како што се животна средина, природно и културно наследство, јавно здравје и други содржини. Сè зависи од тоа која област ги интересира. „Ајде!“ и Регионалната платформа им даваат предност на младите бидејќи подобрата иднина и подобрите општества започнуваат со МЛАДИте.

„Ајде!“ платформата беше официјално покрената на 8 декември 2021 година, за време на регионалниот министерски состанок за млади и образование кој се одржа во Тирана и беше организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), државниот министер за млади и деца на Албанија и Министерството за образование и спорт на Албанија.

„Ајде!" е управувана од Регионалната канцеларија, која е, всушност, регионална меѓувладина организација формирана од шесте влади од државите од Западен Балкан со цел позитивна размена на искуства меѓу младите луѓе во регионот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе