Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Макфакс/Кајгана
/ 26.04.2024 / 14:23

Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гари Невил, во еден подкаст открија дека дека со денови се пијанчеле по натпреварите во Премиер лигата. Станува збор за периодот кој некои го нарекуваат и златна ера на тимот кој тогаш го предводеше сер Алекс Фергусон.

„Луѓето велеа дека сум добар професионалец, но некои работи што ги правев беа апсолутно срамни“, покајано вели Кин.

Детално опиша како се пијанчел, особено во нефудбалските денови.

„Многу пати одев во сабота по натпревар, во недела, понеделник, вторник… Да бидам фер, би ја поставил границата во среда“, откри освојувачот на 7 Премиер лиги, 4 ФА купови и Лигата на шампиони.

Во 2002 година, Ирецот во својата автобиографија „The Second Half“ призна:

„Имаше период, во раните 90-ти, кога бев алкохоличар. За среќа, успеав да се извлечам од тој виор. Сега пијам само вода“.

Гари Невил го надополни соиграчот, велејќи дека многу од најдобрите играчи биле озлогласени алкохоличари.

„Причината поради која се извлекувавме е што другите тимови го правеа истото. Сè додека секој можеше да испие 10 големи кригли, бевме на исто ниво на кондиција“, раскажа трофејниот десен бек од „Олд Трафорд“.

„Знаете… Јас го анализирам периодот пред сезоната 1995/1996 година, сите играчите го правеа истото. Помеѓу 1996 и 2000 година фудбалот стана многу професионален, дојдоа нутриционистите…“

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе