Ахмети: Утре е историски ден – го добиваме првиот премиер Албанец

Лидерот на ДУИ денеска на албански јазик се обрати до своите гласачи. Тој рече дека пред четири години рекол оти сите имаат свои сништа, за нивните деца, за себе, за државата, а дека Албанците, сонувале за слобода и еднаквост.

– Слободата и еднаквоста не доаѓаат лесно, бараат многу пожртвуваност и посветеност, но и верба, верба дека целта ќе се постигне. Ме прашаа, дали навистина веруваш дека ќе се реализира, реков не само што верувам, туку и ќе се реализира. Верував и во Охридскиот рамковен договор, Како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верував, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верувам и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се мојот идеал за кој што работам секојдневно, рече Ахмети во обраќањето.

Според Ахмети, утрешниот ден е историски затоа што се избира, како што рече, „првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија“.

– Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија, – рече Ахмети.

Тој им се заблагодари на гласачите на ДУИ што верувале во неговата партија и застанале зад нивниот сон. За Ахмети, ова не е крајот туку е само почеток оти има уште сништа за остварување. Тој побара од албанското гласачко тело да се обедини околу нештата што ги зближуваат.

– Она што ќе го направиме утре ќе го дефинира животот на генерациите по нас, – рече Ахмети. – Дали треба на нашите внуки и внуци да им оставиме Европска Македонија или проруска Македонија, демократска или диктаторска земја, мир или конфликт, напредок или статус кво?

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе