Активни 3.327 случаи со COVID-19, нема оправдување за тие кои не носат маска

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од COVID-19.

И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи и натаму има главниот град. Здравствените власти порачуваат дека нема оправдување за неносење маска и постојано апелираат да се почитуваат сите мерки зе заштита.

Од направените 762 тестирања, 109 нови случаи на заболени од COVID-19 беа регистрирани вчера, оздравеле 422 заболени, а едно лице почина. Досега во земјата се направени вкупно 115.590 тестирања на COVID-19. Од почетокот на епидемијата се регистрирани  11.942 случаи на заразени лица, излекувани се 8.087 лица, а починаа 528. Додека, бројот на активни случаи изнесува 3.327.

Најмногу активни случаи се бележат во Скопје 1177, во Штип 319, во Гостивар 306, во Куманово 263, во Тетово 171, во Струга 160, во Дебар 128, во Кичево 121, во Свети Николе 116, во Кавадарци 103, во Охрид 77, во Битола 74, во Македонски Брод 41, во Демир Хисар 29, во Виница 29, во Струмица 25, во Кочани 23, во Прибиштип 18, во Велес 27, Гевгелија 14, во Крива Паланка 12, Неготино 12, Рсен 12, во Радовиш 11, во Крушево 5, во Берово 4, во Делчево 3 и во Валандово има еден активен случај.

Од Министерството за здравство вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките.

Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита.

– Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – семејство, колеги и пријатели, затоа што секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е и грижа за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок! Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни!, порача министерот за здравство  Венко Филипче.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се 466 прекршоци за неносење лична заштита на лице.

И Министерството за внатрешни работи повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе