Ал Наср сака на Роналдо да му ги донесе Рамос, Бускетс и Заха

Шпанците Серхио Рамос и Серхио Бускетс, како и Вилфрид Заха се на мета на саудискиот клуб Ал Наср, за кој од почетокот на годината настапува Кристијано Роналдо.

Со оглед на тоа дека го ангажираа славниот Португалец, Саудијците сакаат да донесат повеќе истакнати имиња на Блискиот Исток. Медиумите секојдневно наведуваат имиња на играчи кои саудиските клубови се обидуваат да ги ангажираат. Меѓу последните се споменуваат Заха, Рамос и Бускетс.

Заха влезе во последните месеци од договорот со Кристал Палас и одби повеќе понуди за продолжување на соработката. Тој е член на лондонскиот клуб од 2015 година, а играше и за Манчестер Јунајтед и Кардиф. Англиските медиуми пренесуваат дека за услугите на 30-годишниот напаѓач се заинтересирани и Арсенал и Милан, но нивните понуди финансиски не можат да се носат со онаа која доаѓа од Саудиска Арабија.

Се наведува и дека Серхио Рамос ја разгледува понудата за трансфер во Саудиска Арабија. Неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот од оваа сезона. Рамос е во Париз од 2021 година, а претходно 16 години беше член на Реал Мадрид, а една сезона настапуваше и за првиот тим на Севиља.

Со преселба на Блискиот Исток се поврзува и асот на Барселона, Серхио Бускетс, кој е главен во средниот ред на Каталонците од 2008 година, а договорот му истекува на лето. Неговиот тренер и поранешен соиграч, Чави Ернандес, истакна дека би сакал Бускетс да остане на Камп Ноу.

Неодамна Mundo Deportivo објави дека Саудијците му нудат на Бускетс 18 милиони долари по сезона за двегодишен договор.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе