Алгоритмите на Amazon промовираат антиваксерски дезинформации

Amazon, најголемата онлајн продавница во светот, сѐ уште е расадник за теории за заговор против вакцините, а таквите дезинформации влијаат на некои луѓе кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирус, покажува новото истражување на научниците од Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Алгоритмите за пребарување на Amazon промовираат книги што шират лажни тврдења за вакцини над оние што ги демантираат здравствените дезинформации, откриле истражувачите, а кога клиентите ги испитуваат, алгоритмите ги наведуваат на понатамошна дезинформација.

Амазон е „трговија со разновидни здравствени дезинформации“, предупредуваат авторите на студијата, Прерн Јунеја од Факултетот за информатика и професорот Тану Митра, во написот што ќе биде претставен на научна конференција во мај.

Првите осум резултати од пребарувањето вчера за поимот „вакцина“ во онлајн книжарницата на Amazon беа книги против вакцините, вклучувајќи ја и книгата „Anyone Who Tells You Vaccines Are Safe and Effective is Lying“ на британскиот теоретичар на заговор Вернон Колман и книгата „The Vaccine-Friendly Plan“ на лекарот Пол Томас од Орегон.

На Томас му беше одземена лиценцата минатата година поради доведување во заблуда на родители за безбедноста на вакцините и недоволната вакцинација на пациентите, што доведе до тоа едно дете да добие тетанус и да помине 57 дена во болница.

Amazon неодамна постави банер со врска до страницата за факти на федералната влада за вакцините за COVID-19 над резултатите од пребарувањето за клучниот збор „вакцина“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе