КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Алиоски од Манчестер: Ова е специјален момент за сите

Филип Здравески
/ 19.06.2023 / 10:53

Езѓан Алиоски се врати на Островот, но со репрезентацијата ан Македонија, која вечерва на „Олд Трафорд“ ќе игра против Англија.

Популарниот Џани четири сезони ги бранеше боите на Лидс Јунајтед, од 2017 до 2021, пред да се пресели во саудискиот Ал Ахли. Сезонава ја мина во редовите на Фенербахче како позајмен.

За време на својата последна сезона во Лидс, Алиоски играше и на „Олд Трафорд“, стадионот на кој вечерва игра Македонија. Тогаш на 20 декември 2020 година ги одигра сите 90 минути пред празниот „Театар на соништата“, поради рестрикциите од пандемијата. Не помина добро, бидејќи неговиот Лидс загуби со високи 6:2.

Вечерва стадионот ќе биде полн.

„Ова е специјален момент за сите, посебно за играчите што прв пат се во Англија и натпревари на овој терен гледале на ТВ во Лигата на шампионите и од Премиер лигата. Сите ќе уживаат, а ако сме подготвени ментално и имаме дисциплина, можеме да направиме нешто тука. Сите знаеме дека нема да биде лесно, дека Англија е голем фаворит, ама ние никогаш не губиме надеж и не се предаваме. Затоа дојдовме тука, да играме“, изјави Алиоски по синоќешниот тренинг.

Токму така, Алиоски има играно на ова грандиозно здание, но останатите никогаш. Дури и тој нема играно пред публика, па вечер и за него ќе биде како прв пат.

Натпреварот Англија - Македонија почнува во 20:45 часот, а директен пренос ќе оди на МРТ1. Правдата ќе ја дели Иштван Ковач од Романија.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе