Алтернативни начини за тренирање за оние кои не сакаат теретана

Ф.З.
/ 15.03.2022 / 13:23

Со оглед на тоа што на многу луѓе не им се допаѓа одењето во теретаната за да одржуваат форма, алтернативните активности како што се градинарството, танцувањето на шипка, лизгањето и возењето ролери може да ги донесат истите резултати како и вежбите што се изведуваат под надзор на тренер.

Некои луѓе едноставно не сакаат да одат во теретана или долго, досадно џогирање на дожд, но тоа не значи дека треба целосно да се откажат од вежбањето.

Има безброј начини како да останете фит, без разлика дали се работи за испробување на нов спорт како нетбал или ММА, посетување професионални часови по танц на шипка или дури и салса со вашиот партнер.

Едноставно кажано, движењето на вашето тело е важно само по себе, а начинот на кој ќе одлучите да го направите тоа целосно ќе зависи од вашите интереси.

Така, вашата активност можете да ја надоместите со алтернативни форми на фитнес, како што се следниве:

Градинарство

Со грижата за цвеќињата и за вашиот двор, можете да го замолчите вашиот ум и во исто време да го направите вашето тело посилно. Копањето, движењето на земјата, носењето тешки кофи и возењето количка може да се вбројат како специфична форма на вежбање.

Во исто време, можете да се поврзете со природата додека поминувате време во вашата градина и дишете чист воздух.

Друга придобивка е тоа што за време на градинарството немате притисок правилно да ги изведувате вежбите, ниту пак сте оптоварени со тоа дали некој ве гледа или надгледува, како на пример тренер.

Уметничко лизгање

Иако не е секогаш достапно, теретаната можете да ја замените со лизгање, барем во зимските денови.

Неколку часа лизгање нуди некои големи придобивки за подобрување на рамнотежата, флексибилноста на зглобовите, менталното здравје, мускулната маса и моторната координација.

Освен тоа, ако не скокате и не се вртите, ова е кардио активност со мал напор што одговара на сите возрасти и многу услови.

Постојаниот напор додека ги користите рацете за да балансирате ќе го зголеми пулсот, а оваа активност се проценува дека е слична на одење по нагорница или лесно џогирање.

Танцување на шипка

Танцувањето на шипка отсекогаш барало исто ниво на елеганција и вештина како гимнастиката и балетот. Иако овие предности некое време беа занемарени, тие дојдоа до израз во последните години бидејќи вежбањето од стриптиз-клубите се префрлија во студијата.

Танцувањето на шипка е комплетен тренинг за тело. Дури и на почетно ниво движењата се динамични и користат повеќе мускули одеднаш.

Многуте маневри бараат кревање и одржување на сопствената телесна тежина, па затоа е идеално за градење сила во мускулите на грбот, бицепсите, трицепсите и подлактици.

Возење ролери

Според Меѓународната асоцијација за возење ролери, оваа активност го придвижува секој мускул во вашето тело и може да согори од 350 до 600 калории за еден час.

Возењето ролери е одличен пример за аеробни вежби, кои му помагаат на вашето тело подобро да го користи и управува со инсулинот. Возењето ролери ги зајакнува срцето и коските, го намалува нивото на гликоза во крвта, го ублажува стресот и го подобрува нивото на холестерол.

Кога станува збор за здравствени придобивки, тоа е еквивалентно на џогирање и помага во развојот на силата и градењето мускули.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе