Американска нуклеарна подморница се судри со неидентификуван објект за време на патрола во Јужното Кинеско Море, област во која Кина има најголем дел од правата.
„Американската нуклеарна подморница USS Connecticut на 2 октомври се судри со неидентификуван објект за време на навигацијата во индо-пацифичкиот регион“, објави денеска прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица.
Подморницата е оштетена, но е во оперативна состојба. Безбедноста на екипажот останува главен приоритет на морнарицата, беше истакнато во соопштението во кое се додава дека никој не претрпел повреди опасни по живот, но неколку морнари се повредени. Нуклеарниот погон и простор не се погодени и се целосно во функција.
Прес-службата наведе дека се проценува степенот на оштетување на остатокот од подморницата и додаде дека инцидентот ќе се испита. Инцидентот се случил во Јужното Кинеско Море.
Во извештајот се наведува дека подморницата не се судрила со друга подморница и се враќа во пристаништето.
Кина има права на скоро цело Јужно Кинеско море, градејќи на островите воени бази.