Американски боксер убиен од возило во движење пред девојката и децата

Американскиот боксер Дени Кели Џуниор, кој последен пат се бореше во 2019 година, е убиен на Бадник откако во него било пукано од возило во движење.

Триесетгодишниот боксер со семејството бил на божиќна забава кога возило застанало пред семејството, по што се чуле истрели. Целиот настан се случил пред неговата девојка и трите деца, кои се неповредени во настанот.

Кога на местото на настанот пристигнала брзата помош, Кели бил онесвестен, со повеќе рани на телото. Подоцна бил прогласен за мртов.

„Ова е апсолутно тежок губиток за семејството и пријателите на господин Кели. Денеска, на Божиќ, не е дома со најмилите, кои сега го оплакуваат наместо да слават“, соопштија од полицијата.

Потрагата по сторителот е во тек, не е познат мотивот за убиството. Полицијата нуди награда од 25.000 долари за информации кои би довеле со апсење на убиецот.

Од 14 професионални борби Кели има резултат 10-3-1, со девет нокаути.

 

Тагови
реклама

Останати спортови

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more
 

Спорт

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе