Аналитичар најавува значително побрзи iPhone 15 модели

Се очекува дека само телефоните iPhone 15 Pro ќе добијат надградба на USB-C брзината.

Претстојните модели на iPhone 15 Pro очигледно ќе добијат значителна надградба кога станува збор за брзината на пренос на податоци. Тоа ќе овозможи префрлање на USB-C, според аналитичарот Минг-Чи Куо.

Сепак, аналитичарот не верува дека овие поволности ќе бидат достапни на стандардните модели iPhone 15. Куо предвидува дека iPhone 15 и 15 Plus ќе добијат USB-C порти, но ќе имаат помали брзини (ќе ги задржат истите USB 2.0 брзини што ги имаа со Lightning портите).

Кога станува збор за iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max, за нив ќе биде резервирана поддршка за најмалку USB 3.2 или Thunderbolt 3, според аналитичарот.

Ако ова се оствари, тоа значи дека премиум моделите на iPhone би можеле да имаат брзина на пренос на податоци до 40 Gbps. Ова ќе биде значајно за оние кои го користат iPhone за снимање ProRes видеа и за фотографирање.

URL

Куо веќе некое време тврди дека моделите на iPhone за 2023 година ќе користат USB-C, што ќе ги подобри нивните брзини на пренос на податоци, како и брзината на полнење.

Доколку тоа се случи, ќе продолжи серијата надградби за премиум моделите што започна оваа година. Промоделите од серијата iPhone 14 добија нов чипсет (стандардните модели го задржаа минатогодишниот чип).

Apple се обидува дополнително да ја диверзифицира својата понуда помеѓу премиум моделите и оние наменети за поширок опсег на корисници и се чини дека зголемувањето на брзината на пренос на податоци ќе биде следниот чекор на тоа поле.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе