Анчелоти: Сѐ беше нормално, а потоа Бензема ни кажа дека заминува

Макфакс/Кајгана
/ 05.06.2023 / 12:19

Карим Бензема (35) го напушти Реал. Тој како 21-годишник во Мадрид пристигна во 2009 година од Лион за отштета од 35 милиони евра. За 14 сезони во Реал освои рекордни 25 трофеи со клубот (колку што има и Марсело), вклучувајќи по 5 во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство…

Сѐ уште не е официјално потврдено каде францускиот напаѓач ќе ја продолжи кариерата по завршувањето на договорот со Реал, но речиси сигурно е дека тоа ќе биде Ал Итихад, кој му понуди 400 милиони евра за две сезони.

„Кој би одбил 400 милиони евра?“, наводно им кажал Бензема на соиграчите. Французинот со алжирско потекло во Реал имаше годишна бруто плата од 24 милиони евра.

Бензема постигна гол на неговиот последен натпревар во белиот дрес. Постигна гол од пенал во 72. минута против Атлетик, а веднаш потоа се пресели на клупата. Навивачите со овации го испратија од теренот.

По натпреварот тренерот Карло Анчелоти ја коментираше одлуката на Бензема да си замине.

„Изненаден сум… Тоа беше во последен момент. Вчера тренираше нормално и утрово ни кажа. Не можеме да бидеме среќни, но мора да ја почитуваме неговата одлука. Неговата одлука е дел од личен процес. Постигна неверојатни и незаборавни работи во Реал“, изјави Анчелоти и порача дека ќе остане тренер.

Во 14-те сезони во кралскиот дрес Бензема одигра 648 натпревари во сите натпреварувања и постигна 354 голови. Покрај трофеите во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, освои и 4 во Ла Лига, 3 во Копа дел Реј, 3 во шпанскиот Суперкуп и 4 во Суперкупот на УЕФА.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Фудбал

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more
 

Спорт

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе