Ангелов: Директорите на болниците бараат засилено обезбедување

Скопје, 3 декември 2020 (МИА) – Имаме побарувачка од директорите на болниците да го зголемиме бројот на припадници на Армијата зашто луѓето се чувствуваат пообезбедно кога има војска, рече денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Во разговор за телевизија 24, Ангелов истакна дека Главниот кризен штаб постојано заседава и е подготвен да реагира во секој момент, доколку има потреба. Припадниците на безбедносните сили може да се соберат за половина до максимум еден час.

Според Ангелов, во моментов земјава се соочува не само со корона кризата, туку и со мигранстката криза. Има информации дека во одредени кампови КОВИД-от е многу раширен, па секој влез, движење и трансфер низ земјава на таквите лица е дополнителен здравствен ризик за граѓаните.

-Денес во болниците имаме војска и полиција. Но, дали некој видел војска и полиција, а тие се сепак се таму. Неколку пати сум ги посетил, да видам дали се на своите места. Можам да кажам дека и војската и полицијата се за пофалба зашто на високо ниво одговараат на обврските. Нема ниту еден инцидент во кој е вклучен полицаец или припадник на Армијата кој работи на обебзедување, истакна Ангелов.

Во овој момент, потенцира, нашите војници освен што г обезбедуваат здравствените капацитети како поддршка на полицијата, истовремено се распоредени и на јужната и северната граница.

-Во овој момент во земјава имаме две кризни состојби, едната е со КОВИД-19. Во тек е првиот месец и ќе биде продолжена уште шест месеци. Втората кризна состојба не е на целата територија, туку само на јужната и северната граница и е поврзана со мигрантите, со нивниот влез и транспорт низ Северна Македонија. Мигрантите, покрај безбедносниот ризик, внесуваат и зараза. Имаме информации дека во одредени кампови е силно раширен COVID-19 зашти тие таму немаат никакви ускови, посебно не хигиенски, а да не зборуваме за дистанца. Натрупани се особено во некои кампови во Грција каде бројката е повеќекратно поголема од дозволената и нивнито трансфер, влез и дбижење низ земјава може негативно да се одрази освен безбедносно и во однос на ширењето на КОВИД, рече Ангелов.

На прашањето дали има притисок на јужната граница, в.д. директорот на ЦУК одговори дека располага со информации, но тоа е надвор, како што истакна, од она што смее да го каже.

За нови болнички кревети во спортските сали како „Борис Трајковски“ и онаа во Аердором, засега не се размислува.

-Во овој момент воопшто не сме разговарале на оваа тема. Проценките на Комисијата за заразни болести е дека иако бројот на КОВИД болни е висок, состојбата е под целосна контрола. Нашите заложби се во насока да ја подигнеме свеста кај граѓаните за почитување на заштитните мерки и тоа е вистинскиот рецепт како да го заштитиме нашето здравје. Ако бројот на болни почне нагло да расте, имаме уште неколку приватни и државни болници кои може да се пренаменат во КОВИД центри. Во Скопје има една таква приватна болница, а има и други надвор од Скопје. Некои зборуваат и за касарни, но тоа се објекти кои воопшто не одговараат за болни, истакна Ангелов.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more
 

Вести

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Читај повеќе

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Читај повеќе