Антибиотици: Колку (не) знаеме за што се користат?

Проблемот на антимикробна резистенција во однос на отпорност на антибиотици кои се користат исклучиво при третман на бактериски инфекции, загрижува дури 66 проценти од Европејците.

Од таа бројка, 23 проценти од Европејците се плашат дека во моментов не се вложуваат доволно средства за истражување, додека 43 проценти веруваат дека антибиотиците се препишуваат набрзина и премногу често, покажа овогодинешниот здравствен извештај на групацијата STADA.

Фармацевтската компанија спроведе меѓународно истражување во 12 земји, врз повеќе од 24.000 испитаници.

Како дел од Здравствениот извештај 2020, тие испитале што мислат луѓето во Европа за лекувањето со помош на видеокамера, за задолжителната вакцинација, за генетската терапија, за конвенционалната медицина, за сексот и каков е нивниот став кон смртта.

Една од темите што беше истражена беа сознанијата на граѓаните за антибиотиците и нивната правилна употреба во третманот.

Според податоците добиени во оваа прилика, две третини од Европејците погрешно сметаат дека антибиотиците се лек за други патогени - третина (32 проценти) сметаат дека помагаат против вируси, петтина (21 процент) веруваат дека се борат против габични инфекции, а четири проценти би вклучиле антибиотици дури и во лекувањето тумори.

Дури пет проценти од граѓаните погрешно веруваат дека антибиотиците помагаат против сето горенаведено, додека други седум проценти од нив дале одговор „Не знам“.

Само 43% од Европејците знаат дека само бактериски инфекции можат да се лекуваат со антибиотици; затоа, повеќе од половина од испитаниците немаат јасна идеја за значењето на правилната употреба на антибиотици во третманот на болеста. Затоа, оваа компанија предупредува дека подобро познавање на соодветната употреба на антибиотска терапија треба да придонесе за поефикасно лекување.

Од истражувањето се дознава дека, на пример, Србите (54%) и Австријците (53%) имаат натпросечно знаење за соодветната употреба на антибиотици.

Меѓутоа, кога станува збор за страв од бактерии кои се отпорни на антибиотици, граѓанинот на Србија, на пример, е помалку исплашен од многумина во Европа: 61 процент од Србите (просекот на европско ниво е 66) стравуваат од појава на такви бактерии за кои нема да има соодветна антибиотска терапија.

Преовладува опасен недостаток на знаење не само кога е соодветно да се користат антибиотици во терапија, туку и кога станува збор за правилна употреба (како се земаат): 70% од Европејците знаат дека пивото треба да се избегнува при земање антибиотици за да не се намали ефикасност на лекот, но само 28 проценти се свесни за потенцијалното влијание на соковите од цитрусни овошја.

Само една четвртина се свесни дека конзумирањето млеко може да има негативни ефекти врз ефектите на одредени антибиотици, а жените со 29 проценти знаат повеќе за намалената ефикасност отколку мажите кои имаат 22 проценти.

Секој четврти испитаник погрешно верува дека кафето е еден од пијалоците што има штетни последици.

На кратко, само два проценти од Европејците ги знаат сите точни одговори.

Целосниот извештај може да го прочитате ТУКА.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе