Апасиев: Членките на ЕУ да не го зеле Мијалков за консултант?

Наводен скандал со прислушување ја тресе Европската Унија, а пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев, се запраша земјите-членки на ЕУ да не имале помош од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија, кој беше осуден за скандалот со прислушување.

„Чекајте малце, другари! Нели шпионирањето на политичките опоненти и прислушкувањето на своите граѓани е својствено само за источните 'автократски режими' (ориентални деспотии)? Каква е сега оваа најнова афера Еврогејт во срцето на ЕУ:
Холандската европратеничка Софи Инт Велд, која е главна истражителка на Европарламентот, подготвува извештај дека владите на дури 14 земји-членки на ЕУ (Шпанија, Холандија, Белгија, Грција, Унгарија, Полска и др.) го користеле шпионскиот софтвер Pegasus за да следат политичари, бизнисмени, новинари, граѓански активисти! Од нивните телефони и лаптопи биле вадени компромитирачки материјали, кои потоа биле користени за нивно замолчување во критиките кон властите, како и за прикривање на корупциски скандали.
И сето ова, во име на 'поголеми цели' се става под тепих! Европскиот совет молчи, а Европската комисија (која и самата беше хакирана) немала 'интерес' да го истражи скандалов!? Европол одбива да го истражува, оти тоа било 'национална работа на членките'.
p.s. Овие Мијалков да не го зеле за консултант бе?“.

Мијалков на 12 мај 2015 година си поднесе оставка од фукцијата директор на УБК по скандалот со прислушување, а потоа против него и други лица беше отворен случај за масовно нелегално прислушување. Беше опсуден на 12 години затвор, но на 16 декември 2022 година Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе