Апасиев: Тие со качулките беа испратени провокатори од АНБ

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ги коментираше синоќешните протести на кои МВР пријави 47 повредени полицајци. Тој тврди дека ниту еден од членовите на неговата партија не носел качулка.

Смета дека маскираните демонстранти биле уфрлени од Агенцијата за национална безбедност.

На Facebook, Апасиев му се обрати на министерот Оливер Спасовски со следното тврдење:

„Драг Оливер,

Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме "прочитани" и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон!

Имаме километража со протести. Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија).

МАКЕДОНИЈА е долга и широка работа бе, предавници! За неа сме спремни и да изгинеме, ама не сме до толку глупи да наседнеме на вашите проѕирни местенки. 😉

Се гледаме секоја вечер - сè побројни и сè посплотени! До конечниот пад на оваа корумпирана окупациона Влада.

p.s. Тргнавте против народот со палици, специјалци и кучиња!? Ќе завршите бетер од Гоца. Никој не победил народ со пендрек.

Се гледаме на барикадите!

До вашиот конечен крај!“, објави Апасиев.

 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе