Апелација изнесе аргументи оправдувајќи ја 10 години пониската казна за велешанецот кој усмрти дете

Анализата на досегашната казнена политика на Апелациониот суд Скопје покажува дека изречената казна затвор од 8 години за сообраќајка со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која 18-годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела.

„Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку 5 месеци, а најмногу 7 години и 2 месеца. Најголемиот број изречени казни затвор се во траење од 2 до 5 години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежителни околности што пак изречената казна затвор од 8 години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која 18-годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, соопштува Апелациониот суд Скопје.

„Апелациониот суд Скопје постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци. Во предметите по кои што постапувал судот 51,6% ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4% се преиначени“, се додава во соопштението.

Скопска Апелција му ја намали казната на велешанецот Ангелчо Николов, кој ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова и ја усмрти, од 18 на 8 години затвор.

Второстепените судии му ја намалија казната за 10 години.

Пресудата на Апелација беше донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе