Ардерн: Нов Зеланд ќе стане република, но не наскоро

МИА / КАЈГАНА
/ 12.09.2022 / 12:12

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјави дека по смртта на кралицата Елизабета II нејзината влада нема да бара промена на статусот на Нов Зеланд од кралство во република.

Ардерн, пренесуваат американските медиуми, изјави дека верува дека Нов Зеланд во иднина ќе стане република и дека тоа ќе се случи за време на нејзиниот живот, но дека сега нејзината влада има поважни прашања.

Од смртта на Елизабета II, на 8 септември, Ардерн нема зборувано за оваа идеја – Нов Зеланд да стане република, но за неа претходно неколку пати позитивно се има изјаснето.

Според сегашниот систем, лидер на Нов Зеланд е британскиот монарх, а во Нов Зеланд го застапува гувернерот, чија улога последните години е протоколарна.

Меѓутоа, многу луѓе не се сигурни дека Нов Зеланд ќе може да излезе од сенката на своето колонијално минато и да стане целосно независна нација додека не стане република.

– Имаше дебати, многу години наназад. Јас го кажав мојот став неколку пати. Верувам дека Нов Зеланд ќе стане република со текот на времето, дури и во текот на мојот живот, но не очекувам дека тоа ќе се случи наскоро, ниту пак е на агендата сега, кажа новозеландската премиерка.

Претходно во 2016 година имаше неуспешен обид Нов Зеланд да се оттргне од колонијалното минато со промена на знамето. Знамето без британскиот симбол освои 43,3% од гласовите за промена и не успеа да го промени знамето усвоено во 1902 година кое е слично на она на Австралија и во горниот лев агол го содржи британското знаме. Домородните Маори се најголеми поборници за промена на знамето и отфрлање на британската власт, но проблем се доселените колонизатори кои не сакаат прекинување на врската со Обединетото Кралство.

Знамето на Нов Зеланд (горе) и знамето кое загуби на референдумот (долу)

Премиерот на Антигва и Барбуда, Гастон Браун, синоќа изјави дека граѓаните на оваа островска земја во Малите Антили на референдум ќе гласаат дали да стане република по смртта на британската кралица Елизабета II.

Според него, референдумот ќе се одржи во следните три години и притоа јасно нагласи потегот нема да се преземе од непријателство, пренесува BBC.

Австралискиот премиер, Ентони Албанезе, пак, откако ја презеде функцијата во мај, веќе прави напори земјата да ја направи република, синоќа изјави дека сега не е време за промени, туку за оддавање почит на животот на британската кралица.

Албанезе претходно изјави дека одржувањето референдум за Австралија да стане република не било приоритет во неговиот прв тригодишен мандат.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе