Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Полскиот министер за финансии Анджеј Домањски во понеделник, 29 април, изјави дека земјата нема да влезе во еврозоната, барем не во овој момент.

Без разлика на силно проевропската влада предводена од премиерот Доналд Туск, Домањски смета дека сè уште не е време оваа земја да се приклучи на групата земји кои го користат еврото како валута.

Во Полска од 1995 година се користи форма на злота, која ја замени старата верзија со истото име поради хиперинфлација по падот на комунизмот.

Полска влезе во Европската Унија во 2004 година, а еден од условите за секоја земја е евентуалниот влез во еврозоната. Сепак, правилата на ЕУ се прилично нејасни - не постои конкретен датум или временска рамка во која членовите на оваа организација мора да го воведат еврото како своја валута.

Кога Доналд Туск и Граѓанската коалиција ја презедоа власта во октомври 2023 година, се очекуваше силен пресврт кон поголема интеграција во ЕУ за Полска, меѓу кои беше и промената на валутата во евро.

Сепак, граѓаните на оваа земја ќе мора да почекаат на тоа. Во секој случај, за да може оваа земја да влезе во еврозоната, мора да се промени и уставот, имајќи предвид дека во членот 227 од овој документ стои дека сите работи поврзани со валутата и монетарната политика ги води Централната банка на Полска.

Домањски изјави и дека верува оти злотата ја спасила Полска од голема рецесија за време на светската економска криза во 2008 и 2009 година.

Најновата членка на еврозоната е Хрватска. Еврото е официјална валута таму од 1 јануари 2023 година. Покрај оваа земја, еврото го користат уште 19 членки на ЕУ, како и во Ватикан, Сан Марино, Андора, Монако, Црна Гора и Косово.

реклама

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Read more

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more
 

Вести

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе