Аргентинците измислија бесконтактен фудбал
Професионалниот фудбал полека се враќа низ светот под специјални протоколи, но оној рекреативниот и натаму е забранет. Затоа Аргентинците се погрижија да смислат корона-фудбал.
Фудбалот се игра без контакт помеѓу играчите бидејќи секој играч има свое обележано поле во кое смее да се движи. Правилата се исти, концептот е ист, само што нема дуели.
Секако дека овој фудбал ни одблиску не ги задоволува апетитите на аматерските фудбалски вљубеници, но додека влатите не дозволат групни спортови за рекреативците, останува само ова.