ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Аргентински играч во соблекувална фрлил хрватски дрес в канта

Скандал по полуфиналната победа - излезе видео на кое аргентински фудбалер фрла хрватски дрес во канта за ѓубре.

Во полуфиналниот натпревар од Мундијалот во Катар, кој се играше во вторникот, Аргентина со убедливи 3:0 ја совлада Хрватска, со што со истиот рeзултат ѝ се одмазди за горчливиот пораз во групната фаза на Мундијалот во Русија пред 4 години.

Но, по натпреварот излегоа детали од славјето на Aргентинците во соблекувалната, детали кои воопшто не ѝ личат на една голема репрезентација од калибарот на Аргентина.

На својот TikTok профил Пауло Дибала објави видео од славјето по победата, на кое на кратко се гледа и еден контроверзен момент.

Додека Аргентинците ја слават победата и пласманот во финалето, еден од нив фрла в канта дрес од хрватската репрезентација. Токму синиот гостински дрес со кој „Ватрените“ играа на натпреварот. Моментот е лесно воочлив на видеото, но тешко е да се препознае кој е играчот што го фрла дресот бидејќи се наоѓа на другиот крај на просторијата и лицето не му е баш препознатливо. Делува дека е еден од играчите кои останаа на клупата со оглед на тоа што не е облечен во дрес, а делува премногу млад за да биде член на стручниот штаб.

До кантата стои Кристиан Ромеро. Откако дресот завршува в канта, по неколку секунди тој го вади и го фрла во главата на соиграч. Ромеро е соиграч на Иван Перишиќ во Тотенхем. Најмногу личи на резервистот Тиаго Алмада, кој на Мундијалот одигра само 8 минути и тоа против Полска.

@paulodybala VAMOS ARGENTINAAAAA 💙💙💙💙#fyp #argentina #worldcup ♬ sonido original - Paulo Dybala
Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе