Армијата одбележува 28 години од своето постоење

Скопје, 17 август 2020 (МИА) – На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Северна Македонија.

Свеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.

Како што најавија од Генералштабот на Армијата, обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На свеченоста од страна на претседателот Пендаровски со Орден за воени заслуги ќе се одликуваат баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада и канцеларијата за соработка во одбраната на САД.

Свеченоста ќе биде пренесувана во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страниците на шефот на државата, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Креативна  работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе