Арсовска го нарече Славески Хитлер, тој ја избрка и рече дека седи во магарешка клупа

Наместо да се зборува за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, денешната седница за советнички прашања во Советот на Град Скопје се одвива со навреди и надмудрувања меѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот Трајко Славески.

Откако Славески соопшти дека никој не може да зборува од говорница, туку од место или од микрофонот до него, бидејќи сè уште не му е вратено копчето за вклучување/исклучување на микрофонот, од говорницата беше тргнат микрофонот.

Арсовска си стави подвижен микрофон, а пред да ѝ даде збор Славески, тој уште еднаш ја предупреди дека не може да зборува од говорницата и да дојде напред, наместо да седи во магарешка клупа на крајот од салата.

Арсовска со поставен подвижен микрофон отиде на говорницата и му рече на Славески дека е Хитлер и крадец, пренесе СДК.мк.

„Господине Хитлер, не ви доликува ова што го правите. Вие го кршите деловникот и сте крадец. Немате никаков интегритет”, рече Арсовска.

По ова, Славески даде пауза, а потоа ѝ го одзеде правото на збор на Арсовска, бидејќи го кршела деловникот, вршела опструкции и се однесувала недолично.

Во Советот на Град Скопје е поставен нов систем со кој претседателот на Советот веќе нема копче со кое може да интервенира, односно да ги исклучува советниците кои не се придржуваат до точките на дневниот ред и говорат на теми надвор од нив.

Погледнете како изгледаше денешната седница на Советот на Град Скопје: 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе