Асанж номиниран за наградата „Сахаров“

Основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж, е номиниран за наградата „Сахаров“, која е признание што Европската унија го доделува на поединци и групи кои го посветиле својот живот во одбрана на човековите права и слободата на мислата.

Покрај него номинирани се и украинскиот претседател Володимир Зеленски и Комисијата за вистина од Колумбија.

Номинациите мора да соберат потписи од најмалку 40 европратеници.

Сопругата на Асанж, Стела, која зборуваше од Брисел каде беа објавени номинациите, за dpa изјави дека номинацијата на Џулијан е потврда за тоа колку „групите за човекови права ширум светот го поддржуваат Асанж и ја почитуваат неговата работа“.

Наградата „Сахаров“ првпат беше доделена во 1988 година и тогаш ја доби борецот против апартхејдот Нелсон Мандела и постхумно на советскиот дисидент Анатолиј Марченко. Минатата година наградата му беше доделена на рускиот активист Алексеј Навални.

Наградата е востановена во чест на советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров.

Во 2019 година, од еквадорската Амбасада, во која мина неколку години заштитен од прогонот на американските власти, основачот на Викиликс беше пренесен во затворот „Белмарш“, во близина на Лондон.

Асанж (51) водеше долга правна битка за да избегне екстрадиција во САД, кои уште од 2010 година сакаат да му судат заради објавувањето на повеќе од 700.000 доверливи документи на веб-страницата WikiLeaks, што се однесуваа на активностите на американската војска, особено во Ирак и Авганистан. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе