Audi го најави Q6 e-tron

За моделот Q6 e-tron се зборуваше околу две години, а сега за прв пат можеме да видиме што планираше да понуди Audi на пазарот под тоа име.

Станува збор за сосема очекувана форма на спортски елегантен SUV, со кој Audi воведува некои дизајнерски новитети како што се значително потенки предни и задни светла со целосно нов OLED адаптивен потпис.

Неочекуваното нешто зад маскирната фолијата е предната затворена маска во бела боја, бели бандажи и многу агресивно исечени браници.

Тешко е да се одмери дали сериската верзија ќе го понуди истото. Затоа е познато дека паралелно ќе се нудат класичната SUV форма и купе, веројатно под името Sportback.

Погледот во кабината сè уште е забранет. Судејќи според првите коментари на оние кои го пробаа прототипот, чувството при возење е над очекувањата, исто како и понудениот простор.

Од технолошка страна, важна иновација е тоа што овој модел ја користи новата PPE платформа (Premium Platform Electric), развиена во соработка со Porsche. Овозможува користење на мрежа од 800 волти, а со тоа и моќност на полнење до 270 kW. Преведено, батеријата ќе се полни од 10 до 80% за помалку од 30 минути, односно 10 минути полнење ќе бидат доволни за 250 километри.

А станува збор за батерии со капацитет од дури 100 kWh, кои ќе напојуваат пар електромотори со моќност од околу 380 КС. Audi верува дека досегот на автомобилот ќе биде најмалку 600 км според WLTP.

Од друга страна, SQ6 ќе располага со максимални 490 КС или за кратко до 510 КС, додека до 100 км/час ќе достигне за помалку од 4,5 секунди. Најголемото прашање овде е како SQ6 визуелно ќе се дистанцира од стандардната верзија. Да не зборуваме за RS изведбата.

Новиот Q6 ќе се појави на пазарот до крајот на годината. А кога станува збор за цената, голема е веројатноста Audi да го побара својот електричен SUV од 4,7 метри од 60.000 евра па нагоре.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе