Авиокомпанија ќе ги мери патниците колку тежат пред да се качат на авион

Макфакс
/ 30.05.2023 / 20:55

Повеќе од 10.000 патници кои летаат со новозеландската авиокомпанија Air New Zealand, во текот на јуни ќе бидат замолени да стапнат на вага пред да се качат на нивниот лет.

Авиокомпанијата сака оние што патуваат со нејзините меѓународни летови да учествуваат во истражување за тежината на патниците.

Тоа е важна иницијатива за да се обезбеди „безбедна и ефикасна работа на авионот“, според Air New Zealand, а исто така е барање на Националната управа за цивилно воздухопловство, пишува The Independent.

Патниците на оваа компанија беа измерени на домашните летови во 2021 година, а сега кога се воспоставени меѓународните патувања по пандемијата на коронавирусот, време е да се измерат и оние на меѓународните летови.

Претходно беше напишано дека мерењето на тежината на секој патник пред лет може да ја зголеми безбедноста и да ја намали еколошката штета предизвикана од секој лет. Во моментов, авиокомпаниите користат „претпоставена маса“, проценувајќи ја вкупната тежина на патниците користејќи стандардни броеви.

Air New Zealand вели дека сака да ги увери патниците кои можеби се двоумат околу мерењето на рачниот багаж, дека нема за што да се грижат.

„Знаеме дека стапнувањето на вагата може да биде застрашувачко. Сакаме да ги увериме нашите клиенти дека никаде нема видлив екран и никој не може да ја види вашата тежина, дури ни ние. Целосно е анонимно“, рече Аластер Џејмс, специјалист за подобрување на контролата на оптоварувањето на Air New Zealand.

„Тоа е едноставно, доброволно и со мерење ќе ни помогнете да ве возиме безбедно и ефикасно секој пат“, нагласи Џејмс.

Тој рече дека пред секое полетување пилотот треба да ја знае тежината и рамнотежата на натоварениот авион.

Истражувањето ќе се спроведе на влезот на портата на избраните летови на Air New Zealand, кои поаѓаат од меѓународниот аеродром во Оукленд до 2 јули 2023 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе