Авион што се урнал во 1968 година најден во глечер во Швајцарија

Остатоци од авион што се урнал на швајцарските Алпи во 1968 година, се пронајдени во глечер 54 години подоцна, соопшти полицијата.

Остатоците од авионот се појавија на глечерот Алеч, во југозападниот дел на кантонот Валис, во близина на врвовите Јунгфрау и Менч. Полицијата појасни дека остатоците биле пронајдени во четвртокот.

„Истрагата утврди дека станува збор за делови од Piper Cherokee со регистрација HB-OYL, кој паднал на таа локација на 30 јуни 1968 година. Понатамошната работа ќе биде преземена што е можно поскоро“, се вели во соопштението на полицијата. Локалниот весник 24 Heures објаснува дека во авионот имало учител и лекар и неговиот син, сите од Цирих. Тогаш биле пронајдени нивните тела, но не и остатоците од авионот.

Остатоците биле забележани од водич за планинарење за време на една од обиколките во областа. Поради климатските промени и топењето на глечерите, патеката на искачување е променета така што сега поминува низ делот од планината каде што се наоѓале остатоците.

реклама

Што е сексомнија?

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе