Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна

Научниците од Универзитетот Рутгерс во американската сојузна држава Њу Џерси спроведоа истражувања коишто покажаа дека Австралија и Аргентина, во случај на хипотетичка нуклеарна војна и апокалипса, најдобро би се справиле со нејзините последици.

Списанието Nature Food објави сценарио за судир каде што би се користело нуклеарно оружје… Според научниците, атомските бомби фрлени врз град и индустриски центри ќе предизвикаат пожари, а атмосферата ќе биде загадена и поради честички од огнот. Последици на сѐ тоа ќе бидат климатски промени и намалување на залихите на храна на копното и во океаните.

„Доколку повеќе од 150 тераграми (150 милијарди килограми) чад се испушти во атмосферата, употребата на жито ќе се намали за околу 90% во рок од три до четири години по апокалипсата“, предвидуваат експертите.

Мапите објавени од научниците покажуваат дека Австралија и Аргентина ќе може да одржуваат оптимален внес на храна и килокалории по глава на жител на ден, дури и со најголема количина на загадувања со чад и штетни гасови во атмосферата.

Стручњаците ги пресметале и последиците од хипотетички воени судири меѓу конкретни земји. Така на пример, во случај на војна меѓу Русија и САД, повеќе од 5 милијарди луѓе би можеле да загинат, додека планетата би се соочила со т.н. нуклеарна зима.

Во написот се наведува дека и Нов Зеланд ќе биде меѓу најмалку погодените. Сепак, според научниците, доколку навистина се случи вакво сценарио, овие области ќе се соочат со наплив на бегалци од Азија и други земји кои ќе страдаат од недостиг на храна.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе