Австралиски истражувачи: Има 50 милијарди птици на Земјата

Околу 50 милијарди птици ја населуваат планета Земја, според екстраполација на австралиски научници објавена во Зборникот на Националната академија на науките на САД. Ова значи дека на планетава има околу шест пати повеќе птици отколку луѓе.

Тим предводен од проф. Вилијам Корнвел од Универзитетот на Нов Јужен Велс (УНСВ) во Сиднеј разработил податоци за 9.700 познати видови птици од цел свет. За нив се смета дека претставуваат 92% од сите постоечки видови. Истражувачите комбинираа научни истражувања за одделни видови во одредени области со речиси една милијарда записи во интернет-орнитолошката база на податоци, e-Bird.

Градско врапче

Заклучокот гласи дека има релативно мал број вообичаени видови и многу голем број ретки видови.

Меѓу првите 10 најраспространети птици во светот се градското врапче (1,6 милијарди), сколовранецот (1,3 милијарди), прстеноклунестиот галеб (1,2 милијарди) и селската ластовичка (1,1 милијарда).

Сколовранец

„Има значителен број многубројни и малубројни видови птици во светот – со 50 милијарди единки. Но, прашањето – зошто и како тие достигнале до таа бројка ќе биде во средиштето на идните научни трудови за еволуцијата, екологијата и зачувувањето на сѐ тоа“, се вели во написот.

Истражувачите откриле дека најмал број птици имаат видот киви од Нов Зеланд (3.000) и ендемичните мезити (154.000) од Мадагаскар.

Киви
Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе