Австрија: Прва компанија што воведе забрана за работа без тест за коронавирус

Пекарата „Фелбер“ е првата компанија во Австрија која воведе забрана за работа за работници кои немаат тест за коронавирусот.

Компанијата ја донесе одлуката врз основа на одлуката на австриската Влада дека само оние кои ќе бидат тестирани за време на масовно тестирање викендот пред 18 јануари, кога се очекува да се олесни „заклучувањето“, ќе можат да излезат од изолација, додека останатите ќе мора да останат дома уште една недела.

Од 26 декември, Австрија ќе го спроведе третото заклучување, кое ќе трае до 18 јануари, кога покрај продавниците за храна и аптеките кои не престануваат со работа, ќе можат да отворат и сите други продавници, но во нив, како и во рестораните, кои тогаш повторно ќе отворат, ќе можат да одат само оние кои биле тестирани.

По тој повод, синџирот пекари „Фелбер“ испрати писмо до своите вработени во кое се наведува дека тие мора да бидат тестирани до 18 јануари.

– До 18 јануари, на работа мора да донесете негативен тест за коронавирусот, не постар од една недела. Не можете да работите без негативен тест, се вели во пораката.

Ако некој од вработените одбие да биде тестиран, тогаш ќе мора да работат со маска FFP2 или да паузираат.

Експертите за работно право посочуваат дека во екстремни случаи, компанијата може да одбие да исплати плата или дури и да го прекине работниот однос.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе