Австрија стави околу 2 милиони невакцинирани жители во локдаун

Б.С.Б.
/ 15.11.2021 / 10:12

Околу два милиони луѓе, кои не се целосно вакцинирани против коронавирус, се ставени во изолација во Австрија бидејќи земјата се соочува со голем пораст на бројот на новозаразени и починати од COVID-19.

„Не пристапуваме лесно кон овој чекор, но за жал, е неопходен“, изјави канцеларот Александар Шаленберг.

На невакцинираните ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само поради ограничени причини како работа или купување храна, пренесе BBC.

Околу 65% од жителите на Австрија се целосно вакцинирани. Во меѓувреме, седумдневниот процент на заразени изнесува повеќе од 800 случаи на 100.000 луѓе, што е меѓу највисокиот степен во Европа.

Мерките кои од денеска се воведени во Австрија доаѓаат по се големиот притисок на болниците, а за почеток ќе траат 10 дена. Децата помали од 12 години и луѓето кои закрепнале од инфекција со коронавирусот ќе бидат исклучок од нив.

Европа стана регион најсериозно погоден од пандемијата, а неколку земји воведоа ограничувања поради зголемениот број на заразени.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе