Автопилотот на Tesla „киксна“ на европскиот тест за безбедност

Системот на Tesla го зазеде само шестото место од десетте тестирани технологии за самоуправување на последниот тест на организацијата EuroNCAP.

Автопилотот на Tesla зазеде послаба позиција од очекуваното меѓу 10-те тестирани модели, пред сѐ поради неговата мала способност да го задржи возачот поангажиран и пофокусиран на возењето.

Овој систем во возилото Tesla Model 3 забележа резултат од само 36 поени во проценката на неговата способност да го задржи фокусот на возачот на патот, додека доби висок резултат (95 поени - најмногу од сите) за перформанси и способност за реакција во итни ситуации.

Model 3 собра вкупно 131 поен на тестот и доби оцена 2, додека најдобропласираниот Mercedes GLE имаше 174 поени и оцена 4, или „многу добар“, за своите системи за помош на возачот.

Патем, повеќето од тестираните модели добија 60 или повеќе поени во областа фокусираност на возачот на патот, што утврди дека Model 3 на Tesla се претстави послабо во рангирањето на EuroNCAP.

Покрај Mercedes GLE, вкупно највисоки поени имаа BMW Series 3 (172) и Audi Q8 (162) - обајцата со рејтинг од 4.

На четвртото место е Ford Kuga (152) со рејтинг 3, а петти е VW Passat (137) со рејтинг 2.

Зад Tesla се најдоа Nissan Juke (124), Volvo V60 (120), Reno Clio (105) и Peugeot 2008 (101).

Во оваа пригода, EuroNCAP предупреди дека многу сопственици на возила се во заблуда дека со купувањето автомобил со современ систем за асистенија при возењето всушност купуваат „самовозечко“ возило.

За ова придонесуваат и несоодветните комерцијални имиња што компаниите им ги ставаат на нивните системи, како на пример Autopilot, ProPilot или CoPilot.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе