Скопје утрово се најде на 10. место по загаденост во светот, но веќе скокна на 5. место, додека Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, го спушти пакистанскиот Лахоре од првото место, покажува специјализираната интернет страница Iqair.com која прибира податоци од целиот свет.
Граѓаните утрово дишат загаден воздух. Индексот на загаденост моментално е 165, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.
На високото 5. место е Приштина.
На 7. место се најде Белград, Приштина е 10-та, а 14-ти е Загреб со податоци малку подобри од Скопје.
Вака изгледа листата на најзагадени градови во 11:33 часот денеска (листата постојано се ажурира и настануваат промени):