Бајден: Имаме две опции, една од нив е трета светска војна

Б.С.Б.
/ 27.02.2022 / 08:31

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју ја коментираше инвазијата на Руската Федерација на Украина и изјави дека Русија ќе се соочи со најсилните санкции во историјата, поради оваа војна.

Во текот на разговорот со новинарот Брајан Коен, Бајден изјави дека санкциите со кои Русија се соочила во минатото не можат да се споредат со санкциите кои следат сега.

„Сите досегашни санкции не се како овие. Сега имаме две опции, да почнеме трета светска војна, односно да влеземе во војна со Русија или да ја натераме Русија да ја плати економската цена за ова што го прави. Ниту една санкција не може да стапи на сила веднаш, но мислам дека овие санкции се најсилни во историјата“, изјави Бајден.

Тој смета дека Владимир Путин очекувал раздор во НАТО.

„Мојата цел од почетокот беше сите да бидеме на иста страна. Путин мислеше дека може да го раздвои НАТО, но тоа не  се случи, станува збор за целосно единство. Русија ќе плати краткорочно и долгорочно висока цена за тоа што го прави“, вели Бајден.

Американскиот претседател порача доколку демократскиот свет се држи заедно, во светот ќе има многу помалку хаос.

„Не е само НАТО обединет, видете што се случува во Финска, Шведска и во другите земји. Путин го произведе спротивното од тоа што имаше намера да биде. Мора да го одржиме правецот со нашите сојузници. Во меѓувреме. Ќе продолжиме да испраќаме воена и финансиска помош на Украина“, изјави американскиот претседател.

Тој смета дека светот се наоѓа во клучен период.

„Секоја трета, четврта или петта генерација во светот чувствува фундаментални промени. Само за пример, во наредните десет години ќе видиме повеќе промени отколку што имаше во последните 50 години“, изјави тој.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе