Барди: Чест е да се биде капитен на Македонија

Макфакс/Кајгана
/ 08.09.2023 / 14:21

Енис Барди, утревечер ќе ја носи капитенската лента, која ја наследи од Стефан Ристовски, кој (привремено) се повлече од националниот тим.

Барди на денешниот прес; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Во пресрет на пресметката со Италија, во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, Барди вели дека е голема чест да се носи капитенската лента.

„Емотивен е овој момент, да си капитен на Македонија, нешто многу значајно, лента која пред мене ја носеа Горан и Стефан. Јас многупати сум кажал дека во овој тим нема само еден капитен и лидер, туку има повеќе лидери кои ја заслужуваат лентата. За мене чест и задоволство е сето ова. Ова е нов предизвик за мене“.

Новиот капитен вели дека тој и соиграчите мора да бидат 100% концентрирани бидејќи против ривал каков што е Италија само на тој начин може да се извлече позитивен резултат.

„Во денешниот фудбал ако не си дисциплиниран, тешко можеш да дојдеш до позитивен резултат. Ние секогаш тоа го зборуваме, иако нема многу време во краткиот период на подготовки, но сега разговаравме многу повеќе од досега, дека ако сме тим и дисциплинирани, ако си помагаме еден на друг на теренот, ако имаме заедништво, само така можеме до успех. Некако тоа ни фалеше во последно време, сега е подобро. Затоа велам дека само заедно можеме до големи резултати“, додаде Барди.

Remote video URL
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе