Барди: Даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија

Филип Здравески
/ 21.03.2024 / 15:37

Во пресрет на утрешната пријателска против Молдавија во Анталија, прес-конференција одржаа капитенот Енис Барди и селекторот Благоја Милевски.

Барди утре по 63 пат ќе го облече македонскиот дрес. Се надева дека по 17 пат ќе ја затресе противничката мрежа и, се разбира, со неговите соиграчи да се израдува на победа.

„Мислам дека сите доаѓаме со коректна минутажа на овој собир. Гледам дека повеќето фудбалери играат доста и се редовни во своите клубови. Мислам дека натпреварувачката форма е на наша страна. Само да сме сконцентрирани, да покажаме желба и да се подготвиме за тоа што нѐ чека од септември. Овие два натпревара ни се тест, да видиме до каде сме, за да ги поправиме грешките од некои претходни средби“, рече Барди.

Репрезентативците од понеделникот се собираа во Анталија, каде секојдневно тренираат.

„Можам да кажам дека сме подготвени за секоја улога што ќе ни ја даде селекторот. Свесни сме дека по долго време се собравме пак, гледам дека соиграчите едвај чекаа да сме заедно. На ниту еден натпревар не ни е потребна екстра мотивација. Со самиот повик за репрезентацијата мора да сме мотивирани, да бидеме подобри и да даваме што е можно подобри перформанси. Овој натпревар е со ривал кој за малку не се пласира на ЕУРО, може многу да ни помогне за Лигата на нациите. Анализиравме и се подготвивме за Молдавците. Повеќе нема 'пријателски' натпревари, даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија“, заврши македонскиот капитен.

Милевски: Во Анталија ќе тестираме нови варијанти, шанса ќе добијат сите

Натпреварот Молдавија - Македонија се игра в петок со почеток во 15:30 часот по македонско време (17:30 по локално). Директен пренос ќе има на МРТ3, како и на Arena Premium 2.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе