Барди: Одигравме многу поразлично, полека се враќаме во форма

Филип Здравески
/ 18.11.2022 / 09:17

Стрелецот на израмнувачкиот гол синоќа против Финска смета дека репрезентацијата игра различно кога играчите имаат солидна минутажа во своите клубови.

Македонија синоќа одигра 1:1 против Финска на првата од двете пријателски, последни натпревари за годинава и воедно последни проверки пред стартот на ЕУРО 2024 квалификациите во март. Еден од играчите кои застанаа во микс зоната по натпреварот за да дадат изјави за медиумите беше и Енис Барди, кој синоќа после 6 натпревари по ред не ја носеше капитенската лента бидејќи во тимот се врати Стефан Ристовски.

„Сметам дека полека, но сигурно сите играчи се враќаме во форма. Навистина е добро што многумина од нас играме стандардно во нашите клубови и тоа е видливо и многу важно. Игра ни е многу поразлична кога играме стандардно во клубовите. Ова беше само еден тест за тоа што ни следи во март. Дај боже тогаш да бидеме во форма и да го дадеме максимумот за репрезентацијата“, задоволен беше Барди.

Се играше 74. минута кога Езѓан Алиоски беше во пробив по левата страна кога беше соборен во шестнаесетникот за пенал. Алиоски ја грабна топката решен да го изведе казнениот удар, но Барди дојде до него и му напомена дека тој е назначаен за изведувач на пенали, по што успешно го реализираше израмнувајќи на 1:1.

Remote video URL

Барди во новава сезона има и нов клуб откако летоска од Леванте се пресели во Трабзонспор, кој е актуелен бранител на тронот во Турција.

„Нова средина, нова амбиент, нов клуб. Не ми требаше многу време за да се адаптирам и среќен сум што сум дел од таков клуб. Навистина ми беше сон да играм за тим кој што се бори за титула и игра на европска сцена“, заврши македонскиот заменик-капитен.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе