ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Барса остана без Гризман, но ги донесе Агуеро и Де Јонг

Турбулентно беше на последниот ден од преодниот рок во каталонската престолнина каде се случија неколку неочекувани трансфери.

Требаше да биде лидер на новата Барселона без Лео Меси, но Антоан Гризман нема ниту да се обиде да го направи тоа. Неуспешната авантура во Каталонија одлучи да ја прекине и да се врати онаму каде блескаше - во мадридски Атлетико.

Гризман замина во Атлетико на позајмица со тоа што мадриѓаните потоа ќе треба да го откупат за 40 милиони евра. Тоа е дури 80 милиони помалку од сумата која пред две години ја платија Каталонците за да го донесат како големо засилување. Но, добрата вест за Барса е тоа што Атлетко ќе ја плаќа целата негова плата.

URL

Заминувањето на Гризман Барса го надополни со двајца одлични напаѓачи. Прво, конечно успеа да го регистрира Серхио Агуеро  кој поради финансиските проблеми не можеше да биде регистриран како играч на клубот. Иако Меси си замина, а со тоа клубот се ослободи и од неговата огромна плата, финансискиот фер-плеј сепак и натаму му се закануваше на клубот со блокада, па затоа четворицата капитени (Бускетс, Пике, Сержи и Алба) доброволно си ги намалија платите овозможувајќи му на клубот да ги регистрира прво Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манај, а сега конечно и Агуеро.

URL

Пред затворањето на преодниот рок Барселона оствари уште едно засилување: го донесе холадскиот напаѓач Лук де Јонг од Севиља. Доаѓа на едногодишна позајмица, а Каталонците имаат право на откуп наредното лето.

URL

Де Јонг, кој пред неколку дена го прослави 31. роденден, во Севиља дојде пред две години за 12,5 милиони евра од редовите на ПСВ каде жареше и палеше. Но, во андалузискиот тим не се пронајде и во првата сезона постигна едвај 10 гола и 4 асистенции во сите натпреварувања, а се мачеше и лани остварувајќи слични бројки: 9 гола и 1 асистенција.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе