Бекам: Играта која ја сакаме е во опасност

Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал се приклучи во нападите врз најавената Супер лига.

Еден по еден сите кои вредат во светот на фудбалот застанаа на страната на УЕФА и ФИФА против најавената лига на богатите. Дејвид Бекам, човекот кој остави неизбришлива трага во историјата на оваа игра е најновиот на листата на оние кои се против ова натпреварување во кое се влегува со пари, а не со резултати.

„Јас сум од оние кои го сакаат фудбалот. Тој е дел од мојот живот откако знам за себе. Го засакав уште кога бев дете, како навивач, и сѐ уште сум навивач. Како играч и сега како сопственик знам дека нашата игра е ништо без навивачите“, пишува Бекам на Instagram.

Бекам во својата долга кариера настапуваше за Манчестер Јунајтед, Престон Норт Енд, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ, а сега е сопственик на новиот МЛС клуб Интер Мајами.

„Потребно ни е фудбалот да биде за сите. Потребен ни е фер фудбал и потребни ни се натпреварувања врз база на заслуга. Доколку не ги заштитиме овие вредности играта кога ја сакаме ќе биде во опасност...“, заврши тој.

УЕФА веќе најави санкции за сите учесници во Супер лигата. Германските великани Баерн и Борусија категорично одбија да учествуваат во такво натпреварување, ПСЖ се нема изјаснето, а одби и најтрофејниот португалски клуб, Порто.

реклама

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе