РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ

Бела боја со која нема да ви треба климатизација

Експериментот на Универзитетот Пердју докажа дека оваа нова боја може да одржува пониска температура под директна сончева светлина и да рефлектира повеќе ултравиолетови зраци.

Инженери од Пердју, САД, развија бела боја што може да ги одржи сите површини ладни - поточно, до 7,8°C постудени од нивната околина.

Исто така оваа „супербела“ боја рефлектира 95,5% од сончевата светлина и ефикасно ја рефлектира инфрацрвената топлина.

Бојата делува така што речиси не апсорбира сончева енергија. Може дури и да помогне во врска со климатските промени со тоа што ќе ја рефлектира топлината од Земјата во длабоката вселена каде што повеќе не може да влијае на нашата планета.

„Не ја преместуваме топлината од површината на Земјата во атмосферата. Само го отфрламе сето тоа во вселената, која е како бесконечен фрижидер“, вели Сјангју Ли, истражувач од МИТ (Технолошкиот институт во Масачусетс) кој исто така работеше на проектот.

За да ја докажат ефикасноста на нивниот нов производ, истражувачите од Пердју ја сликале нивната боја со инфрацрвени камери и ги споредиле со снимки на вообичаената бела боја, а експериментот покажал импресивни резултати.

„Инфрацрвената камера ви овозможува отчитување на температурата исто како што термометарот ќе ја измери температурата на вашето тело. Овие отчитувања потврдија дека нашата боја има пониска температура - и од околината и од комерцијални предмети“.

Експериментот покажа дека новата боја може да одржи пониска температура под директна сончева светлина и да рефлектира повеќе УВ зраци.

Сега, замислете дека оваа боја се користи во сите наши градови на сите згради и патишта. Тоа би бил навистина креативен начин за борба против глобалното затоплување...

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе