Белгиски универзитет објави откритие за спречување на метастазирање на ракот

Универзитет во Лувен, Белгија, открил начин на кој се отвора можност за стопирање на метастазите кај болните од рак, јави дописничката на МИА од Брисел.

Истражувачката екипа на професорот Пјер Сонво во белгискиот универзитет Лувен објаснува за што станува збор: откривање на еден вид сензор кој испраќа сигнал до клетките со тумор, кај ракот на дојка, дека треба да сопрат во мозокот, што им овозможува да развијат метастази во мозокот. Со ова откритие, ако се отстрани тој сензор, клетките нема да застанат во мозокот и таму да развијат метастази, се вели во соопштението на истражувачкиот тим.

Всушност универзитетот успеал да го разбере системот на заболените клетки во организмот кога напаѓаат одреден орган и создаваат метастази.

Како што објаснува професорот за медиумите во Белгија, тие тргнале од теоријата дека секоја клетка заболена од рак е „подесена“ на начин да нападне одреден орган. Некои органи пак никогаш не се инфицираат од рак, како на пример прстите од нозете.

Поаѓајќи од модел на човечки рак на дојка кај глушец, тимот успеал да идентификува протеин кој врши улога на сензор за заболената клетка и ја води кон создавање метастази во органот каде што добил „наредба“ да „застане“, во овој случај мозокот. Протеинот се нарекува Кокс7б. Ако се отстрани протеинот, клетката не застанува во тој орган и метастазите не се развиваат.

Сега истражувачката екипа се надева дека ова откритие ќе помогне и за други видови рак и други органи на крајна дестинација освен мозокот. Потенцијалот на ова откритие е да се спречат метастазите во иднина и со тоа да се зголемат шансите за победа над ракот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе