Белите точки на оваа фотографија не се ѕвезди, туку супермасивни црни дупки

Оваа фотографија можеби ви изгледа како прилично нормална слика на ноќното небо, но она што го гледате е многу попосебно од блескавите ѕвезди.

Секоја од овие бели точки е активна супермасивна црна дупка. И секоја од тие црни дупки голта материјал во срцето на галаксија оддалечена милиони светлосни години.

Вкупно 25.000 вакви точки астрономите забележале досега на најдеталната мапа на црни дупки на ниски радиофреквенции, достигнување за кое биле потребни години работа и да се состави радиотелескоп со големина на Европа.

„Ова е резултат на долгогодишна работење на неверојатно тешки податоци“, објасни астрономот Франческо де Гасперин од Универзитетот во Хамбург во Германија.

„Моравме да измислиме нови методи за претворање на радиосигналите во слики на небото. Кога црна дупка активно апсорбира материјал - намотувајќи го од диск прашина и гас што го опкружува исто како што водата кружи околу одводот – вклучените интензивни сили генерираат зрачење со повеќе бранови должини што можеме да ги откриеме во вселенското пространство.“

Во моментов, LOFAR е единствената мрежа на радиотелескопи способни за длабоко снимање со висока резолуција на фреквенции помали од 100 мегахерци, обезбедувајќи поглед на небото како никој друг. Ова објавување на податоци, во кое се опфатени четири проценти од северното небо, е прво во амбициозниот план на мрежата да го сними целото северно небо на ултраниски фреквенции, LOFAR LBA Sky Survey (LoLSS).

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе