Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)  поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува 84 денари,  а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари  Екстра лесното 1 (ЕЛ-1)

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и  ќе изнесува  49,768 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 21. месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158 проценти, кај дизелот зголемување за 0,928 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,834 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 2,998 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,762 проценти. 

Тагови
реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе