Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Апел до граѓаните да заокружат 5 и да дадат што поголем број пратеници на Левица со цел да дадат поголема шанса на млади, неподмитливи луѓе во Собранието – ова е една од пораките на претседателот Апасиев, вчера од Штип.

„Целта на Левица на овие избори е да го кутне СДС под 20, и конечно, да ја пасокизираме СДС. Тоа се прогнозите, тоа се реалните очекувања и оваа теренска кампања тоа го покажува“, истакна Апасиев.

Она што се случи на претседателските избори за Левица е очекуван резултат, со оглед на тоа дека со претседателски кандидат се учествува прв пат.

„На парламентарните очекуваме солиден резултат со којшто ќе овозможиме моќта на уценување од албанските необалистички партии да премине, конечно, во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот наспроти сите антимакедонски сили коишто сакаат да внесуваат Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни парламенти, да менуваат Устав со кој ќе се бришат 20% и ќе влегува друг официјален јазик… Против сето тоа единствен бранител ќе биде Левица“, истакна Апасиев.

Левица пред штипјани ја претстави и својата програма, којашто е единствена различна од сите други програми.

„Само ние имаме програма со централно планирање, затоа што ние имаме Централна планска агенција, којашто треба да ја развие државата рамномерно, тоа што никој друг го нема. Со силни државни капацитети планираме сите дистрибутивни мрежи да ги национализираме. Јас зборувам за електродистрибутивната мрежа, за нафтената мрежа, зборувам за интернетот итн. Целта е и обичниот човек да види бенефит“, рече носителот на ИЕ3, Борислав Крмов од Штип.

На народниот собир се обрати и Александар Симонов, коносител на листа на ИЕ3:

„Планираме воведувањето на прогресивниот данок, како и ограничувањето на каматните стапки, укинувањето на извршителите останува една од главните определби кои имаме намера да ги воведеме со цел да ги заштитиме работниците, кои најчесто се класа на луѓе кои страдаат од овие неправди“.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Македонија

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа врз Албанците, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more
 

Вести

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа врз Албанците, најави тужба

Читај повеќе

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Пијан возач предизвика сообраќајка со 8 мртви и 40 повредени

Читај повеќе

Француските затворски чувари протестираат по убиството на двајца колеги

Читај повеќе

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Читај повеќе

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово“

Читај повеќе

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе