Берарди - најголемиот кошмар на Интер и Милан

Напаѓачот на Сасуоло постигна прекрасен гол синоќа против Интер, а замолкнувањето на „Џузепе Меаца“ воопшто не е реткост за него. Но, од неговите нозе уште повеќе страдал Милан.

Доменико Берарди продолжи со одличните игри против миланските клубови. Синоќа неговиот Сасуоло му гостуваше на непоразениот Интер и на полувреме губеше со 1:0. Прво во 54. минута Берарди одлично проигрувајќи го му асистираше на Недим Бајрами за израмнување, а потоа во 63. минута со прекрасен удар го постигна победничкиот гол.

Remote video URL

Тоа за него беше осми гол против Интер во 16 натпревари во Серија А, со што Берарди има најмногу голови постигнато против „Нераѕурите“ од било кој друг играч што моментално игра во Калчото.

URL

Но, Интер не е неговата омилена жртва за тресење мрежи. Всушност, тоа е неговиот сосед Милан, кому Берарди му има дадено 11 голови во 18 натпревари во Серија А. Еднаш на Милан му даде 4 гола во победата 4:3 во јануари 2014, како и хет-трик во 2015.

Remote video URL
Remote video URL

Берарди има и 7 пати асистирано за голови против Милан, а синоќа ја запиша 4-тата асистенција против Интер.

Кариера како шпанска серија

Да биде оваа статистика уште поинтересна, Берарди е всушност навивач на Интер. Јавно во неколку наврати кажал како од дете го засакал Интер и како целата негова фамилија се интеристи.

Најголема желкба му била да заигра за Интер, но од таборот на овој клуб ниту еднаш не покажаа интерес за него. Затоа, Берарди ќе ги казнува секогаш кога ќе му се пружи прилика.

Од друга страна, Јувентус скоро секое лето се обидува да го донесе, но како закоравен интериста Берарди не сака ни да чуе да го облече дресот на „Старата дама“. Летото 2013 откупи половина од неговиот договор со Сасуоло, а Берарди остана во помалиот клуб како позајмен. Потоа одбиваше да се пресели кај Јувентус, за на крај Сасуло целосно да го откупи.

Да биде чудно зошто Интер никогаш не го сакаше овој играч, станува збор за стандарден италијански репрезентативец со 25 настапи и 6 гола, а со „Аѕурите“ го освои ЕУРО 2020.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе